Skip to main content

Лажен лекар од Штип измамил 77-годишна штипјанка за 700.000 денари

Julio César Velásquez Mejía from Pixabay

Лице кое лажно се претставило како лекар измамило 77-годишна жителка на Штип за сума од 700.000 денари, соопштија од СВР Штип.

Како што е пријавено, на 7 јануари 2026 година околу 16:30 часот, жената пријавила дека претходно во текот на денот добила телефонски повик од непознато лице кое ѝ се претставило како лекар. Лицето ја информирало дека нејзината сестра се наоѓа во болница поради скршеница на ногата и дека е неопходна итна операција со вградување метални шипки.

Според пријавата, измамникот побарал пари за наводната интервенција, по што жената, во неколку наврати, ги однела договорените средства на посочено место, предавајќи вкупно 700.000 денари.

Подоцна, во нејзиниот дом дошла нејзината внука, по што заедно стапиле во контакт со сестрата и тогаш било утврдено дека таа воопшто не била хоспитализирана, при што оштетената сфатила дека била жртва на измама.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести