Skip to main content

Кривична за ексдиректорката на училиште од Демир Хисар, ги криела службените печати

Freepik

Поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар која беше во центарот на вниманието изминатите денови ќе се соочи со кривична пријава поради „одземање или уништување службен печат или спис“.

Денеска ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј.(57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ, информираа од МВР.

Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025, појаснуваат од полицијата.

Поврзани вести