Skip to main content

Кривична пријава за тешка кражба: 16-годишна девојка крадела автомобили низ Тетово

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против 16-годишна малолетничка од село Мала Речица, за која постои сомнение дека сторила кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба во обид“.

Според соопштението на полицијата, на 7 ноември, во централниот дел на Тетово, осомничената го одзела патничкото возило „Рено“, сопственост на лицето А.С. Следниот ден, со употреба на сила, влегла во друг автомобил, „Цитроен Берлинго“, кој бил во сопственост на Е.С.

Иако успеала да го стартува второто возило, го оставила по кратко време и заминала.

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетничката, која е осомничена за двете кривични дела. Според надлежните, случајот е под дополнителна истрага.

Поврзани вести