
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дело „телесна повреда“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Пријавениот подолг период вршел физичко и психичко насилство врз неговата сопруга, а при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени пушка, два пиштоли, 981 куршуми, рачна бомба и други предмети и додатоци за огнено оружј, соопшти МВР.