Skip to main content

Изгаснат шумски пожар во селото Моштица

Во каменичкото село Моштица e изгаснат пожарот кој зафати околу 25 декари нискостеблеста шума. Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваше екипа на каменички пожарникари со едно возило.

Денеска е интервенирано со едно противпожарно возило и четворица пожарникари на гаснење пожар во с. Моштица. Во пожарот опожарени се околу 25 декари мешовита нискостеблеблеста шума, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.

Оттаму aпелираат да не се пали оган на отворен простор, за да се одбегнат какви било опасни последици.

Да се одбегнува палење оган, бидејќи тоа е со закон забрането. Доколку дојде до појава на пожар апалираме навреме да се пријави за штетата да биде што е можно помала, додаваат од ТППЕ Македонска Каменица.

Поврзани вести