
Насилник со „Мерцедес“ вчера нападнал вработен на патарината „Петровец“ со шише, по што ја скршил рампата и избегал, соопшти МВР.
„Ноќеска во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.

Македонски






