Skip to main content

„И твојот Дебар тагува по тебе Андреј, му порачаа дебрани

Дебрани преку социјалните мрежи се збогуваат од нивниот Андреј од ДНК, дебранин и поранешен сограѓанин.

И твојот Дебар тагува по тебе Андреј. Почивај во мир голем човеку, пишуваат тие.

Независно од националната припадност на социјалните мрежи се простуваат со Андреј негови врсници, со кои другарувал, соседи, граѓани кои ги познавале неговите родители, и сите кои се воодушевуваа на неговите изведби.

Андреј е роден 1982 годна во Скопје, но неговите родители живееа во Дебар, каде тој го помина детството, потекнува од познатото дебарско семејство Ѓорѓиевски, а неговиот татко беше раководител на секторот за урбанизам во општината.

Андреј беше злато од дете, добро восипано, односливо, ја сакаше музиката од мали ноѕе. Ги познавав и родителите и него и неговото братче. Одеме кај нив и тие кај нас. Трагедија. Нека почива во мир, како и другите загинати. Многу млади, нема зборови за утеха. Го молам Бог што побрзо да закрепнат повредените и вакво нешто да не се повтори никогаш и никаде, вели поранешна сосетка на семејството, не можејќи да ги задржи солзите.

Дебрани го паметат и кога стана музичка ѕвезда, но, како што велат, остана оној истиот наш Андреј.

Бев во банка во Скопје, го гледам беше пред мене на шалтер. Си помислив а мене ќе ми зборне, тој е познат а јас обичен граѓанин. Но, се излажав. Само што ме виде ми се обрати по име и така размениве спомени за детските лудории но и за Дебар каде секогаш кога имаше време доаѓаше. Не знам, не сакам да верувам дека веќе го нема, вели негов другар од детството.

Трагичната вест ја пренесуваат и сите локални портали кои се на албански јазик.

Дебар изгуби уште еден дебранин, а Македонија голем човек и патриот. Мир во царството небесно да најдеш Андреј. Почивај во мир. Сочувство до семејството, стои во објавта на порталот Ќутети и Дибрес, пренесувајќи видео запис со неговот последен хит „ Ако утре ме нема“.

Порталите редовно пренесуваат и информации за и околу трагедијата во Кочани.

Поврзани вести