Skip to main content

„Голф“ усмрти 68-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Тетово

Freepik

Во полицијата било пријавено дека вчера во 15:30 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Т.И.(42) од Тетово, кое удрило во велосипед управуван од С.С.(68) од Тетово.

Во незгодата С.С. се здобил тешки телесни повреди се констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите и починал, информираат од СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а за настанот е известен Јавен обвинител при ОЈО Тетово.

Поврзани вести