
Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с.Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената
престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата, соопштија денеска од тетовската полиција.
При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с.Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката, велат од СВР Тетово.