
На 20.07.2025 во 18.00 часот во ОВР Гостивар Л.А.(33) од с.Чегране, вработен во Територијалната противпожарна единица-Гостивар, пријавил дека околу 15.00 часот, додека интервенирал за гасење на пожар во атар на с.Форино, заедно со другите пожарникари, на местото на настанот му се доближило непознато лице на возраст од околу 60 години и почнало да му се заканува, информираат од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот