Skip to main content

Дивеел во зграда во Струга, па го уапсиле: Измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта

МИА

На 20.01.2026 во 00:10 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.Д.(35) затоа што претходно во зграда на истата улица го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести