
Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје, Е.Н.(29), С.Р.(34) и А.Д.(30), сите од Скопје, пријавиле дека околу 09:00 часот во близина на основно училиште на подрачјето на Драчево, неколку малолетници физички ги нападнале нивните малолетни деца и со закана со остар предмет им одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведено е во полицискиот билтен.