Skip to main content

Четворица приведени со дрога во Кочани

Полицијата вчера околу 15 часот ги лиши од слобода О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана.

Како што соопшти денеска МВР, со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, како што се наведува, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани вести