Skip to main content

Бајрами си нашол адвокат, каде се наоѓа уште е тајна

Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државната Лотарија, за свој правен застапник го ангажира адвокатот Антонио Апостолски од Скопје. Полномошното, потпишано од Бајрами, било предадено вчера на адвокатот преку близок роднина на осомничениот, откако судот изрече мерка притвор против него.

Сепак, пред судот, адвокатот Апостолски изјавил дека не располага со информации за актуелната локација на својот клиент.

Се појавија шпекулации дека, слично како и во случајот со Артан Груби, Бајрами можеби избегал во Косово или Албанија. Судските органи засега немаат потврда за овие тврдења, а потрагата по осомничениот продолжува.

Се очекува во текот на денот МВР да ги објави меѓународните потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş