
Единствен кој не се појави на денешното судење за случајот „Лотарија“ е директорот Перпарим Бајрами.Тој е првобвинет во овој случај и сè уште е недостапен на органите на прогонот, односно тој е во бегство, и за него Обвинителството бара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена. Негов адвокат е Еленко Миланов.
Од Обвинителството велат дека го бараат Бајрами во повеќе земји. Неофицијално се говори дека тој е во Швајцарија и оти поседува нивни документи.

Според Обвинителството, обвинетите во текот на 2023 и 2024 година заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да ѝ нанесат штета на Државна лотарија во значителна вредност од 507.632.173 денари.
Обвинителството тврди дека тие биле свесни дека Државна лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија „Касинос Аустрија Скопје“, за што се стекнало со удел во висина од 51 процент од основната главнина на друштвото.

Македонски


