Skip to main content

Скопските пожарникари спасија теле во пожарот над селото Палиград

Илустрација

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка. Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.

Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество. За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животните, објави Али.

Поврзани вести