Skip to main content

Автомобили, камиони, комбиња и минибуси на неколку приватни фирми опожарени во Куманово

МИА
МИА

Повеќе возила меѓу кои автомобили, камиони, комбиња и минибуси во сопственост на неколку приватни фирми биле опожарени синоќа во Куманово во пожар што настанал на сува трева на улица „Народна Револуција“, по што бил зафатен и плац на кој тие претходно биле паркирани, информирата од МВР.

Во пожарот нема повредени и е предизвикана само материјална штета. 

Вчера во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило „Форд мондео“, патничко возило „Сеат кордоба“, автобус „Санос“, мини бус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возил, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот, се вели во соопштение од МВР.

Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. 

Поврзани вести