Skip to main content

Апсење на скопскиот аеродром

Вчера во 23.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го привеле А.С.(35) од Скопје, поради тоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Поврзани вести