![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/apelacija-apelaczija.jpg)
За смртта на 15-годишниот Иван Билински, кој во 2014 година беше прегазен и усмртен на пешачки премин кај Млечниот ресторан во Скопје, осудениот возач не одлежа ниту еден ден во затвор, пишува „Фокус.мк“
Апелација, откако претходно му ја намали казната на 2 години и шест месеци на обвинетиот Џенис Мекиќ, неодамна му го прифати и барањето за ново судење, кое доколку биде дозволено и од последниот судски филтер, Врховниот суд, ќе значи и автоматска слобода за Мекиќ, бидејќи делото е застарено во ноември, минатата година. Ваквата скандалозна ситуација се обидува да ја спаси Обвинителството кое поднесе жалба до Врховниот суд.
Повеќе на Фокус.мк