Skip to main content

Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките во Карпош, нема информации за повредени

Република

Се става под контрола пожарот што претпладнево ги зафати бараките „лепенки“ во населбата Карпош, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командирот на единицата Звонко Томовски, објави Ангелов.

фото: Република

Нема информации за повредени или настрадани лица, наведе Ангелов.

Поврзани вести