
Mинистерот Панче Тошковски тргна во разбивање на нарко клановите во Скопје кои сееја страв, како меѓу бизнисмените така и кај обичниот човек. „Република“ ви ја објаснува шемата кој е кој во овие криминални групи.
Беланоца, Барон, Дуќанџик и Грчец се четири групи кои на почетокот фунцкионираа одделно, секој во својот „бизнис“. Главни сектори со кои се занимаваат овие кланови се нарачани убиства, дрога и оружје.
Групите доаѓаат од различни делови на Скопје и до пред изесно време немаше мешање во „секторот“ на спротивниот табор.

Но, заради концентрација на моќта кај овие групи доаѓа до коалиција. Па така, групата Барон се здружи со Беланоца, а Грчец со Дуќанџик.
Беланоца/Барон „оперира“ во реонот на Сингелиќ, Студеничани, Бутел, Маџари и Арачиново. Грчец/Дуќанџик го држи реонот на Сарај, Кондово, Шишево и Ѓорче Петров.
Бедри Зекири, еден од водачите на нарко групата „Барон“ минатата година се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Барон претрпе сериозни загуби откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша. Зелкиф, пак, е татко на Ганиф, кој пак, е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки. Тошковски најави дека по апсењата ќе биде многу појасно кои биле мотивите за убиството во Ханиоти.
Како одмазда, минатата година изгоре кафе барот „Барон“ во Чаир, кое е собирно место на оваа криминална група.

И додека кланот Грчец/Дуќанџик по убиството на Оки и Јетон Кривањева – Жила во „Шиша бар“ е обезглаглавен, a Шеваљ е во Дубаи, спротивниот табор, се до апсењата на МВР беше главен во Скопје. За убиство наплаќале и до 250.000 евра.

Па така, од Беланоца/Барон во Шутка се најдоа – Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши.
Неофицијален водач на Беланоца/Барон е Фатљум Ајети – Тоте кој во затвор во Скопје. Тој наводно, од зад решетки ги нарачувал сите убиства.

Пред еден месец пак, за Гани Туша се отвори истрага во обвинителството како главен осомничен за ликвидацијата на Орхан Бајрами – Оки, ивршено лани во јули во Ханиоти.