Skip to main content

Направивме современа егзистенцијалистичка драма, вели режисерката Нела Витошевиќ за „Три сестри“ чија премиера е на 25 септември во МНТ

МНТ / Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Верица Недевска и Дамјан Цветановски во сцена од „Три сестри“

Новата сценска адаптација на класичната драма „Три сестри“ од А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, премиерно ќе се изведе на 25 септември 2026 година како отворање на новата театарска сезона на големата сцена на Македонски народен театар (МНТ).

Автори на текстот се Васил Христов и Нела Витошевиќ, а драматургијата е на Викторија Рангелова-Петровска и како што се вели во најавата за претставата тестот претставува современо читање на едно од најзначајните дела на светската драмска литература.

Улогите во претставата ги толкуваат: Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Благој Веселинов, Емил Рубен, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан и Антонио Ташковски. Сценографијата е на Никола Тороманов, костомите на Роза Трајчевска, а музиката е на Огнен Анастасовски.

Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. Токму премиерата на „Три сестри“ ќе биде првата претстава изведена со превод на англиски јазик.

Режисерката Витошевиќ објаснува дека текстот на Чехов им послижил како инспирација, зеле некои мотиви кои им се виделе интересни и создале нов драмски текст.

Идејата беше да создадеме силни карактери и преку нивните лични кризи да проговориме за општествените кризи, вели режисерката Нела Витошевиќ

Текстот е современа егзистенцијалистичка драма која оперира оперира со брз, динамичен дијалог од една страна и внатрешни длабоки интроспекции од друга страна. Идејата беше да создадеме силни карактери и преку нивните лични кризи да проговориме за општествените кризи, вели Витошевиќ.

Во режисерката белешка за претставата Витошевиќ објаснува дека „Три сестри“ е претстава за промашените животи, погрешните одлуки, прекинатите соништа и за постојаната човечка потреба да се започне одново.

Во центарот се луѓе кои копнеат по поинаков живот, но не успеваат да се ослободат од минатото. Тие живеат помеѓу она што го паметат и она што го замислуваат, помеѓу носталгичните слики за она што можело да биде и стравот дека она што допрва треба да дојде можеби никогаш нема да се случи,помеѓу вредностите со кои се растени и светот во кој тие вредности сè повеќе исчезнуваат. Во таа смисла, со „Три сестри“ сакав да ја истражам токму оваа состојба на изгубеност на поединецот во современиот свет и да проговорам за личните и општествените кризи што ја создаваат. Да зборувам за луѓето кои постепено се оддалечуваат од сопствените желби, од оние што ги сакаат, па и од самите себе, вели режисерката Витошевиќ.

Проблемите за кои пишувал Чехов и денес се мошне присутни, така што не беше многу тешко да се извлече некоја си паралела, вели актерот Дамјан Цветановски, кој во „Три сестри“ го толкува ликот на Андреј, братот на Ирина, Олга и Маша.

Мислам дека ликот на Андреј кој го толкувам не отстапува премногу како лик од делото на Чехов. Чехов е доста современ денес, бидејќи многу од работите се блиски и во денешното време. Бидејќи има еден поинаков пристап, текстот има малку понаративен сегмент во него, што ни дозволува да ги чуеме внатрешните мисли на ликовите, што мислам дека тоа е голем квалитет на оваа претстава и мислам дека доста умешно успеавме како екипа да го создадеме тоа влегување, излегување, наративен дел каде што се дејствува. Мислам дека ќе биде прилично возбудливо, вели Цветановски.

Верица Недевска ја толкува улогата на највозрасната сестра Олга и вели дека за неа претставувало предизвик да создаде лик кој ќе биде во коресподенција со денешново време во кое што живееме.

Верица Недевска ја толкува улогата на Олга

​Во принцип уживав во процесот на работа, бидејќи со Нела Витошевиќ секогаш проектите коишто ги работиме и кога влегуваме во ликовите, влегуваме во сржта на самите ликови. Нашава Олга мислам дека е лик во којшто еден голем дел од од публиката ќе се препознае. Смета дека таа нашла некој свој начин и систем како да се справува со сопствените болки, соништа, љубов, потреби и слично. И би рекла дека е човек којшто е спремен да се откаже од сопствените визии, сопствената иднина во име на своите најблиски, вели Недевска.

Во драмата на Чехов за трите сестри Москва е сон, но за Олга е можеби носталгија по времето кое уште било полно со можности. На прашањето што е Москва во вашата Олга, Недевска одговара.

Нејзината Москва би рекла дека е нејзиниот сон за нејзиното семејство, бидејќи како најстара, таа е таа којашто ја почувствувала таа топлина вистинска, тоа што значи една безгрижност. Живеела во некое поубаво време би рекла денешна наша Олга. За неа таа носталгичност е најжива, за разлика од другите коишто само можеби можат да фантазираат и да замислуваат како тоа изгледа. Таа е единствената би рекла којашто има допир со реалноста. Меѓутоа, исто така единствената којашто знае дека никогаш тоа веќе минатото не може да биде вратено, вели Недевска.

Според неа, Олга е најреалниот лик во претставата.

Сцена од претставата „Три сести“ / фото: МНТ

Човек којшто тагува и сонува можеби за некои поубави времиња, меѓутоа за разлика од другите коишто повеќе фантазираат за нешто што им било прераскажувано, таа е таа којашто тоа навистина некогаш го доживеала, додава Недевска, потенцирајќи дека претставата е исклучително современа и по текст и по постановка.


​Темите со коишто се бавел Чехов се бесмртни, и денес после толку време ние се уште сме заглевени во минатото со некоја желба за некое подобро утре.

Мислам дека претставата ги поставува прашањата дали денес е нешто поразлично од пред еден век, два века, три века. Не знам дали сме напреднале како човештво, тоа сакам да кажам, додава Недевска.

Наталија Теодосиева ја толклува улогата на Маша и како што вели можеби според Чехов Маша е најстраствената сестра, меѓутоа овде таа е најтажната сестра.

А уште по поточно, најистрауматизираната сестра. Таа носи голема траума со себе, сведок е на еден многу трагичен настан и ја носи смртта на мајка ѝ со себе си секаде. За да се спаси од таа траума, таа користи многу механизми за справување, односно сарказам, цинизам. Не може, едноставно не може да гледа кога некој друг да е среќен и по тоа можете да забележите колку е несреќна. Така што, во денешно време, во современо време, ако земеме некоја девојка која се омажила на 18 години за 30-годишен маж само за да избега од дома, не поради љубов, туку за да се спаси себеси, тогаш би рекла дека навистина е многу, многу несреќен лик и лик кој можеби ќе резултира со катастрофа, вели Теодосиева.

По премиерата на 25 септември, следната изведба на „Три сестри“ е на 5 октомври на сцената на МНТ.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetjojobetzbahisroketbet