
56-годишен Американец пронајден починат во контејнер во Претор.
На 11.07.2025 во 10.54 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во монтажен контејнер во село Претор, ресенско, бил пронајден починат К.Џ.С.(56) од САД, известија од полицијата.
Увид на место извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.