Skip to main content

13-годишно девојче пронајдено во домот на маж во Џепчиште

Утрово во 05.30 часот во с.Џепчиште, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(33) од
с.Џепчиште. Кај него било пронајдено 13-годишното девојче од тетовско село, за која претходно нејзината 44-годишна мајка пријави дека се оддалечила од домот.

За настанот бил известен јавен обвинител, а била вклучена и служба од Центар за социјални работи Тетово.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 190-а од Кривичниот законик, соопшти тетовската полиција.

Поврзани вести