
Во Лемос – Општина Преспа Грција заедно со министерот за внатрешни работи на Македонија Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи на Грција Теодорос Ливаниос, Амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставникот на УНДП Армен Грегоријан како и претставници од локалните самоуправи , се одржа состанок со кој се означи започнувањето на БорПрес2 фазата за изградба на граничниот премин Маркова Нога – Лемос.
-Изградбата на граничниот премин е од големо значење за двете земји, со што ќе се овозможи подобра комуникација помеѓу истите како и поголеми размени на искуства помеѓу општините во близината на граничниот премин како и на самите држави. Овој проект е финасиран преку ИПА 3 програмата на Европската Унија кој има за цел изградба на нови згради за царинска контрола, реновирање на постоечката полициска зграда од македонска страна како и отворање на самиот граничен премин, објави градоначалникот на Ресе, Јован Тозиевски.