Skip to main content

Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник

Предлог-буџетот е балансиран, одржлив и внимателно испланиран, без популизам и со одговорност не само кон сегашните, туку и кон идните генерации. Предвидува конкретна поддршка за граѓаните и за стопанството врз основа на јасни критериуми, стабилен е и развоен, социјално праведен и прилагоден кон потребите на општеството. Вака попладнево на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се јавија за збор, ги оценија буџетските проекции за 2026 година.

Како што истакна Весна Ѓорѓиева, Предлог-буџетот покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Златко Пенков рече дека предвидувањата за растот базираат на реални оценки и препорача уште поинтензивни политики за привлекување странски, но и домашни инвестици. Според Емил Спасовски

На седницата беше присутен и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат. Сметам дека треба да се имплементираат уште поинтензивни политики за привлекување странски, но и домашни инвестици за уште пголем раст на БДП – да се изнајдат такви мерки со кои на инвеститорите ќе им се дозволи да работат, заработат и да вработуваат. Само така ќе дојдеме до степен кога ќе можеме да зборувае за суфицит во Буџетот, а сега има одлична база за тоа зашто досегашните политики дадода исклучителен резултат. Зборуваме за 3,5 отсто раст, а можеби и уште повеќе, истакна Пенков.

Тој се осврна и на сивата економија, чиј потенцијал, рече, е околу 700 милиони евра годишно.

Сигурен сум дека ако таа се стави во формални рамки ќе биде дополнителен инпут за раст на домашниот производ, напомена пратеникот кој ја поздрави и планираната поддршка за општините, рече Пенков.

Укажа и на значењето на реализацијата на инфраструктурните проекти.

Предлог-буџетот не е само финансиска рамка, туку и стратегија за развој и јасна слика како ја гледаме државата следната година. Овој Предлог е креиран во услови на глобална неизвесност, но носи стабилност, предвидливост и развоен фокус. Овој Предлог-буџет носи јасна визија, стабилна основа и силна порака – еконосмки раст, фискална дисциплина и подобар животен стандард за сите граѓани. Балансиран е, одржлив и внимателно испланиран, без популизам и со одговорност не само кон сегашните, туку и кон иднините генерации, потенцира Георгиева, додавајќи дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика.

Според неа, со предложениот Буџет се намалуваат нерационалните трошоци.

Се испраќа пораката: „Не трошиме, туку инвестираме, создаваме услови за долгоорчен раст, нови работни места и поконкурентна економија“. Економнскито раст конечно почнува да се чувствува во реалниот живот на граѓаните. Овој Предлог нуди баланс меѓу растот и стабилноста, развојот и социјалната одговорност, резултат е на јасна стратегија и на желбата да се создаде подобро утре за сите. Се обезбедуваат стабилни финансии, капитални инвестиции, предвидлива економија, поддршка ба најранливите категории граѓани и услови за економија која расне, а не стагнира, подвлече пратеничката.

Нагласи и дека Предлог-буџетот заслужува поддршка зашто нуди перспектива, стабилност и општествен напредок.

Спасовски оцени дека се работи за исклучително развоен буџет со вклучена социјална компонента.

Целта е забрзен економски раст. Во 2026 се очекуваат позитивни движења. Никој нема да биде повластен или амнестиран, секој ќе мора да си ја заврши задачата и обврските, видовме дека кога се сака, може, тоа го покажаа Царинската управа, УЈП, ЈП за патишта. Ќе се работи на подобрување на образованието, здравството, општините и инфраструктурата, патна и железничка, на зголемување на платите и пензиите. Сите мерки се реална и опиплива промена, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и ги повика пратениците да му дадат поддршка на Предлог-буџетот зашто, како што рече, само така ќе покажат дека работат во интерес на граѓаните.

Седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник во 12 часот.

Поврзани вести