
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска пред медиумите рече дека просечната месечна потрошувачка кошничка што ќе ја креира владата ќе биде изработена наскоро и дека за тоа ќе бидат консултирани и синдикатите и коморите.
Ристески не сакаше да открие кои производи ќе влезат во таа „потрошувачка кошничка“, но вели дека нема да биде првенствено наменета за јавноста, туку за потребите на владините политики.
Можам да кажам дека ќе ја изработува Министерството за економија и ќе се земаат производи од секојдневието со цени од различни маркети од различни делови од земјата. Информациите ќе се користат од Државниот завод за статистика и од Државниот пазарен инспекторат – рече заменик министерот.