Skip to main content

Од полноќ поевтини горива

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94% во однос на одлуката од 29.12.2025 година.

Од 06.01.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00(денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98   72,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  64,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 32,801(денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98иЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит,.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Поврзани вести