Skip to main content

Николоски: УНЕСКО забрани автопат низ заштитениот дел од Охридското Езеро, можно е да има смена или целосно нова траса

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски коментираше за автопатот од Требеништа до Ќафасан, каде што таму има рестрикции од страна на УНЕСКО, односно УНЕСКО не дозволува автопат низ заштитено подрачје.

Затоа тој и експерти ќе отпатуваат во Париз на средба со УНЕСКО во март за да се најде решение.

Тој автопат е дел од договорот кој го имаме со Бехтел и Енка, односно една е делницата од требеништа до Ќафасан. Треба да се донесе стратешка одлука околу таа делница. Јас верувам дека до крајот на идната година ќе имаме целосен функционален автопат од Кичево до Охрид. Таа делница има само седум километри. Второто прашање е заштитата на целиот регион, и посветуваме многу внимание и имаме стриктни забрани да развиваме автопат и железница на заштитениот дел од Охридското езеро. Очекувам во месец март заедно со министерот за култура и заедно со експерти во областа да ги отвориме овие прашања. Многу е значен статусот кој го има градот Охрид и Охридсксото Езеро, и нема да ги одиме против пепораките, и ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали ќе ја менува трасата посеверно, или ќе значи целосно нова траса, или отсечка од Подмоље до Струга, но имаме уникатна состојба, и само тука не би сакал да се врзувам за рокови, туку за заштита на ова кое го имаме и ќе се обидеме да направиме најдобар баланс. Меѓу заштитата и развој на инстрактурата“, рече Николоски.

Поврзани вести