Skip to main content

Настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон останува историски момент за македонскиот тенис

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон, откако во првото коло беше поразена од фаворизираната Американка Аманда Анисимова со 2:0 во сетови (6:3, 6:2).

И покрај поразот, Ѓорческа го оствари најголемиот успех во својата кариера, станувајќи првата македонска тенисерка што настапила во главната фаза на еден Гренд слем-турнир, и тоа на престижниот Вимблдон.

Македонската тенисерка храбро се спротивстави на шестата носителка на турнирот, но Анисимова ја оправда фаворитската улога и успеа да стигне до победата.

Во првиот сет, по израмнетиот почеток, Американката го направи првиот брејк и поведе со 4:1, создавајќи предност што ја задржа до крајот за конечни 6:3.

Ѓорческа добро го отвори и вториот сет, но при резултат 2:1 за Анисимова направи двојна сервис-грешка, што Американката го искористи за нов брејк. Потоа, Анисимова ја зголеми предноста на 4:1 и рутински го приведе мечот кон крајот, освојувајќи го сетот со 6:2.

Иако не успеа да направи сензација против една од фаворитките на турнирот, настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон останува историски момент за македонскиот тенис.

Поврзани вести