Skip to main content

Двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори: „Танец“ и „Ладо“ на иста сцена на 8 и 10 јули во Херклеја и Нацинална опера и балет

Кога двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори, гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! 

Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност.

Ова лето, бидете дел од магијата на две ексклузивни локации:

 08 ЈУЛИ | БИТОЛА – Антички локалитет ХЕРАКЛЕЈА (Под отворено небо, каде што секој камен шепоти историја, ќе одекне моќниот тапан и раскошниот глас!)

 10 ЈУЛИ | СКОПЈЕ – Национална опера и балет (НОБ) (Грандиозна завршница во храмот на уметноста, каде што енергијата ќе го допре плафонот!)

 Два концерта. Две држави. Една чиста, нераскинлива љубов кон корените. Врвна кореографија, колоритни носии и вокали што предизвикуваат морници!

БИЛЕТИТЕ СЕ ВО СТРОГО ОГРАНИЧЕН БРОЈ! Обезбедете го вашето место на време преку продажната мрежа на kupikarta.com.

Не дозволувајте да ви раскажуваат.

Поврзани вести