Skip to main content
wN2VLJ5VZ7g

Николоски со убави вести: 5 нови авиолинии до скопскиот аеродром од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија – изјави вицепремиерот Николоски.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје.

Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје.

Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година.

И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром.

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии.

Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија.

Нека е аирлија! – изјави вицепремиерот Николоски.

Поврзани вести