Skip to main content

Минималната синдикална кошница порасна на 63 773 денари

Минималните трошоци на едно семејство за февруари се зголемени за 521 денар во однос на јануари, покажуваат податоците со кои се пресметува висината на синдикалната потрошувачка кошничка.

Најмногу пари, односно 23.427 денари се потребни за храна и пијалоци, а потоа за режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија, греење, станарина 6.096 денари. За облека и обувки се потребни 5.800 денари, за хигиена 2.195 денари, за здравство 1.135 денари.

За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари, за рекреација и култура 4.592 денари, за образование 7.036 денари, за ресторани и хотели 4.131 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.

Ова значи дека на семејство каде двајцата родители се со плати од по 30.000 денари, ќе им недостасуваат речиси 4.000 денари за да го преживеат месецот за кој се потребни околу 63.773 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, минималната синдикална кошница изнесува 79.148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Поврзани вести