Skip to main content

Мицкоски за намалените царини од страна на САД за Македонија: Преговорите продолжуват, очекувам да одиме подоле од 15 отсто

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарјќи на новинарско прашање во однос на намалените царини од страна на САД за Македонија од 30% на 15% денеска изјави дека пеговорите за намалување на царините продолжуват во втората половина од месец август откако ќе завршат летните распусти, при што очекува намалување на истите под 15%.

Од она што го видовте од кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор бидејќи тој кажа до 1 ви агуст ќе ги објави новите царински, односно не се ни царини ова се трговски маржи така да ги наречам. Ние сме од 33% сме намалени на 15% , преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерството и институците, очекувам втора половина на август да продолжиме со преговорите и од она кое што го очекувам уште да одиме подоле – изјави премиерот Мицкоски кој што беше во посета на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.

Поврзани вести