Skip to main content

Мицкоски верува дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Printskrin: Fox News

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.

Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар – рече Мицкоски.

САД од денеска најавија испраќање официјални писма до трговските партнери со детали за новите царини и трговски договори. Американскиот претседател Доналд Трамп уште во април најави основна царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи, со дополнителни „реципроцитетни“ царини за земји со трговски дефицити со САД. Овие мерки беа паузирани за 90 дена, рок кој истекува на 9 јули.

Поврзани вести