Skip to main content

Мицкоски со одлични вести: Во мај македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра

После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој утрово сподели одлични статистики за македонскиот извоз и економија.

Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година, во периодот Јануари-Мај, македонскиот извоз порасна за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%.
Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија. Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!, порача Мицкоски.

Поврзани вести