Skip to main content

Мицкоски: Со измените на законот за ангажирање на лица ќе се регулира работниот однос и на лицата коишто се пензионирани и на студенти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените измени на законот за работно ангажирање на лица, истакна дека е тоа закон за кој којшто делумно има поддршка и од опозицијата.

Тоа е закон во којшто ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица коишто се пензионирани или оние лица коишто се студенти. Досега тоа некако се одвиваше и беше дел од сивата економија, со измените во овој закон тоа ќе се регулира. Целта ни е да ја зголемиме вработеноста, да ја зголемиме продуктивноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата“, истакна премиерот Мицкоски и додаде:

„Задоволни сме од резултатите во третиот и четвртиот квартал, тие се меѓу петте во Европа, над 3%. За првиот квартал од оваа година очекуваме исто така поволни резултати, ќе видиме како понатаму ќе се движи. Задоволни сме од нивото на странските инвестиции, тоа е историски највисоко. Задоволни сме што конечно извозот и индустриското производство, полека но сигурно почнуваат да растат. Така што сите перформанси во делот на економијата и сите оние индикатори покажуваат знаци на консолидирање, за разлика од тоа коешто во минатото претставуваше грабеж, пљачка и уништување“.

Поврзани вести