Skip to main content

Голем напад со дронови врз Санкт Петербург

ma-ti-on-unsplash

Санкт Петербург утрово беше погоден од голем напад од украински беспилотни летала, а системите за воздушна одбрана се активни, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов.

Властите им советуваа на жителите на Санкт Петербург да останат во затворен простор и да избегнуваат излегување надвор додека не се укине предупредувањето за дроновите.

Можни се прекини во мобилниот интернет, објавија руските власти.

Гувернерот Александар Дрозденко соопшти дека вкупно 67 беспилотни летала се уништени од руските сили за воздушна одбрана над целиот Ленинградски регион.

„Борбената работа продолжува“, напиша тој на каналот Макс.

Гувернер додаде дека остатоци од соборени дронови паднале во близина на пристаништето Висоцк, пренесоа руските медиуми.

Поврзани вести