
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во периодот што следи спорот ќе продожи да биде еден од врвните приоритети на Владата, при што нагласи дека во моментот работат на неколку позиции во државата во однос на инвестирање во различни спортски објекти.
-Работиме на неколку позиции во државата кога станува збор за спортски центри, базени, сали, игралишта. Една сала веќе е пуштена во Скопје, салата Расадник, еден европски тип на објект, кој спортистите можат да го користат – рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање за планираните инвестиции во спортот денеска по поставување камен темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел.
Мицкоски нагласи дека станува збор за десетици милиони евра директни инвестиции во инфраструктурата и додаде дека во периодот, кој следи продолжуваат со поддршка на спортските клубови и на луѓето кои се занимаваат со спортот.
-Така што со самото тоа што го формиравме Министерството и го консолидиравме спортот во периодот кој следи спорот продолжува да ни биде еден од врните приоритети и да го завршиме сето она, кое го почнавме – изјави Мицкоски.
Мицкоски истакна дека денеска присуствувал на поставување на камен темелник за изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел и додаде дека доградбата на училиштето ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општината и од овој дел од Радишани.

Македонски



