Skip to main content

Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал од годинава е преку 30 проценти, а кај транспортот изнесува над 50 отсто од предвиденото. 

Мицкоски, како што изјави денеска, е исклучително задоволен од динамиката на изградбата на автопатите и очекува сите планирани рокови за завршување на активностите да бидат запазени. 

Одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“, премиерот информира дека изградбата на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан најверојатно ќе претрпи измени, но разговорите околу тоа се уште се во тек и не е донесена конечна одлука.

-Повеќе од 30 отсто изнесува реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал годинава кој се уште не е завршен, значи, над 30 проценти, што е исторски можеби најдинамична реализација на капитални инвестици. Мислам дека транспорт има над 50 отсто од тоа што беше предвидено. Нема сопирање, продолжуваме да работиме. Исклучитлено сум задоволен од динамиката во однос на автопатите. Очекувам сите рокови што ги дадовме да бидат завршени. Автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, најверојатно нема да остане во план зашто не зависи од нас, туку од УНЕСКО. Но, се бара начин како да се заокружи и таа целина зашто влегува во периметарот на УНЕСКО. Ќе најдеме начин како повторно да имаме безбеден сообраќај меѓу тие две отсечки. Во овој момент уште се преговара, разговара и не е донесена конечна одлука. Најверојатно тука ќе треба да имаме некакви измени, рече Мицкоски

Поврзани вести