
Најголемиот прогрес мора да биде во економијата. И денес одлична вест!, напиша Премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.
Раст од 3,2 проценти е забележан кај бруто-домашниот производ во последното тримесечје од минатата година, поточно растот на БДП за минатата година е 2.8%, што е најголем шамар за тие од опозицијата кои велеа дека нема да биде поголем од 1%, а донесоа двоцифрена инфлација кога ја управуваа државата.
За кус период државата е со стабилен и висок раст на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции.
Заедно ќе направиме повеќе за секој, затоа што само така Македонија ќе биде повторно ваша!