Skip to main content

Мицкоски: Единствен резултат во Европа каде што имаме толку силно зголемена трговија во индустријата

Janno Nivergall from Pixabay

Државниот завод за статистика вчера објави параметар во кој вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредбено со истиот месец претходната година и тоа е тренд кој што нè следи цела година, посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Она кое за мене е забележливо е фактот што таа трговија во индустријата во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена отколку трговијата во индустријата дома. Зборувам за повеќе од 15%. И тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силно зголемена трговија во индустријата. Тоа е добар показател бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал. Во првиот квартал имавме 3,2% раст на БДП, во вториот 3,4, очекувам тој раст да продолжи во текот на годината. Ова се индикатори каде што ние со години наназад не сме биле ни блиску да ги постигнеме, а не да ги коментираме, рече Мицкоски.

Поврзани вести