
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров каде присуствуваше на увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром. На новинарско прашање премиерот Мицкоски за движењето на просечната плата по објавениот податок на Државниот завод за статистика даде свој коментар.
Секогаш како Влада треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства, а обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива за да можат работниците да добијат повисока плата – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека е важно сите оние тези на СДСМ дека платата не растела, дека долгот се зголемува и дека сме ги задолжиле неродените генерации со 7 милијарди, но полека и сиргурно како меур од сапуница се распрснуваат.
Вчера Државниот завот за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година, кој што беше и впрочем и прв месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите воопшто не растеле, туку и се намалувале не држат вода. Исто така СДСМ има уште една теза, повторно лажна, а тоа е дека сме ги задолжиле неродените генерации, Министерството за финансии излезе со јасен диаграмски приказ колкав е процентот на државниот и јавниот долг од Бруто домашниот производ- вели Мицкоски.
Тој потенцира дека многу лесно може да се забележи дека на крајот од вториот квартал заклучно со месењц јули 2025 година, за прв пат после многу време и државниот и јавниот долг се намалени, едниот за 4%, другиоит за 2,7%.
Мојата препорака до СДСМ е да бидат конструктивна опозиција, да нучат од грешките од минатото и да не ги повторуваат, и набругу од денаска фа бидат фактор кој ќе им служина граѓаните пред се – додаде Мицкоски.