Skip to main content

Ќе ги посети пазарите: Новиот Гувернер сака да ги слушне мислењата и проблемите на пазарџиите

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави дека во наредниот период ќе ги посети пазарите низ земјата со цел лично да разговара со пазарџиите и да слушне со какви предизвици се соочуваат во секојдневното работење.

Јас сакам да слушам. Ќе одам по пазарите, ќе разговарам со пазарџиите. Многу ме интересира што мислат, со кои проблеми се соочуваат – изјави Славески во Бизнис21 на ТВ21

Неговата намера, како што вели, е да добие автентична слика од теренот, бидејќи токму директните разговори со граѓаните и малите бизниси се највредниот извор на информации за креирање подобри економски мерки.

Филтрирањето на сите тие очекувања, податоци, проблеми – тоа може единствено да служи за носење на подобри мерки за граѓаните и бизнисот во Македонија – нагласи гувернерот.

Поврзани вести