Skip to main content

„Јафа Црвенка“ повлекува од продажба одредени количини „Рум касато“ поради тврди шеќерни парчиња

Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „Рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење: 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025. Причина за повлекувањето, како што соопшти, е можно присуство на тврди шеќерни парчиња.

Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет.

-Ги повикуваме купувачите и потрошувачите кои имаат купено производи со наведениот рок на траење да се обратат кај своите Jaffa продавачи, преку е-пошта на jaffa@jaffa.rs или на телефонскиот број 0800/200-010 за замена на производот, наведува „Јафа Црвенка“.