Skip to main content
Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ

Интерконектор за гас со Грција и план за повеќе годишен план и стратегија за стабилен и независен енергетски сектор

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ една година Министерство за енергетика рударство и минерални суровини и поставена основа за енергетска стабилност, сигурен и ефикасен енергетски систем за одржлив и модерен развој.По 7 години нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните поставени се темелите за енергетска стабилност и независност,oбјави ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини успешно го финализираше процесот на усвојување на новиот Закон за енергетика, со што Македонија изврши целосно транспонирање на Четвртиот енергетски пакет на Европската унија познат и како „Пакет за чиста енергија“.

Се овозможи воведување на паметни броила, батериски системи, граѓански енергетски заедници како и либерализиран пазар и дигитализација.

Се зголемија таксите за минерални суровини со што од 1 јануари 2025 година, Министерството започна со собирање до 100% зголемени такси за експлоатација на минерални суровини, со цел подобрување на редот во користењето на националните ресурси.

Зголемена е наплатата на концесиските надоместоци за минерални суровини за 2.5 пати па така  наплатата за период 01.01.-15.04.2024 година изнесува 110.576.324,00 денари, додека пак за период 01.01.-15.04.2025 изнесува 260.258.272,00 денари.

Се заштитија ранливите потрошувачи  усвоена е Програма за заштита на ранливи потрошувачи за 2025 година, со финансиска поддршка за потрошена електрична енергија.

Во новиот Акциски план за 2025 на Еусаир стратегијата Македонија успеа да вгради два свои гасни проекти со соседна Грција и Србија кои беа подржани од страна на Европската Комисија.

 -Гасен интерконектор со Грција

-Проект за интерконекција со Србија

Пуштен е во работа новиот 400/110 kv трансформатор во ТС Битола 2 кој ќе го намали притисокот врз преносната мрежа и ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето во градовите Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилна електрична енергија за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци.

Проект за јакнење на преносната мрежа – Милетково (MEPSO). Нова трансформаторска станица 400/110 kV во вредност: 34.7 милиони евра. Приклучок за 1.2 GW од обновливи извори. Овој проектот за јакнење на преносната мрежа во југоисточниот регион на земјата вклучува изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во близина на селото Милетково, поврзување со постоечката 400 kV линија од Дуброво до Солун, како и реконструкција на постоечките 110 kV линии и станици во и помеѓу Милетково, Валандово и Струмица.

Понатаму втора фаза – ветерен парк Богданци со дополнителни 4 ветерни турбини  секоја со капацитет од 3,4 MW. Ова проширување значително ќе ја намали зависноста од увоз на електрична енергија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасен план и стратегија за енергетскиот сектор во служба на Македонија и граѓаните. За зголемена енергетска ефикасност и сериозни повеќегодишни инвестиции во енергетиката со цел домашно производство на енергија  како гарант за конкурентност на македонската економија.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.

Поврзани вести