
Индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април лани бележи раст од 1.8 %. Во април годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2024, индустриското производство е зголемено за 1.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење на камен, индустриското производствово бележи опаѓање од 1.2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 2.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 18.3 %.
Според главните индустриски групи, производството во април 2025 година, во однос на април 2024, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.2 %, додека опаѓање има кај Енергија за 16.2 %, Капитални производи за 6.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %.са/