Skip to main content

Граѓаните во исчекување: Дали банките ќе ги намалат провизиите?

Вадење пари од банкомат, плаќање преку друга банка, повлекување пари од сметка, следење на сметка и сите други банкарски услуги се зачинети со провизии, кои создават финансикси главоболки на секој граѓанин. Банкарските провизии посебно станаа проблем последниов период, откако дел од нив беа зголемени, а дел новововедени, како за електронските услуги така и за останатите банкарски услуги кои ги користат граѓаните и компаниите. Изговорот на банките дека провизиите не се високи и дека тие од тоа живеат, не држи, а тоа најдобро го покажуваат годишните сметки на банките кои секогаш бројат огромни добивки. Токму затоа најавата на Народната банка дека банките треба да ги намалат банкарските провизии, ги израдува сите. Граѓаните се во исчекување на реализиација на оваа поволност, која делумно ќе го бајпасира ударот од сите останати поскапувања.

Имено, Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, информираше дека НБМ побарала од комерцијалните банки да ги намалат провизиите кои ги плаќаат граѓаните и компаниите. Советот на Народната банка веќе донел одлука за воведување на нов модел на надоместоци за кој 13те приватни банки во земјава се согласиле, а според гувернетор, тоа треба да обезбеди пониски трошоци и поевтини услуги за физичките лица и за деловниот сектор. Славески не потенцираше за колку се очекува банките да ги намалат провизиите

Одлуката е на секоја банка, во рамките на својата деловна политика, да ги следи сигналите на Народна банка и ние стекнавме таков впечаток во разговорите. Значи, очекуваме, не само од тоа што ние се откажуваме како Народна банка како олеснување за таканаречениот долговен промет при порамнувањето што банките го имаат преку системот МИПС, кој е во рамки на Народна банка, туку дополнителни намалувања на издатоците што ги имаат граѓаните и приватниот сектор кон банките – обелодени гувернерот.

Откако дел од банките во последниов период ги зголемија провизиите како за електронските услуги така и за останатите банкарски услуги кои ги користат граѓаните и компаниите, сега Централната банка сега вели дека постои голем простор за намалување на цените на провизиите на банките. Доколку банките се оглушат од повикот на Народната банка, Славески вели има начини како Народната банка да постапи во тој случај.

Народна банка секако во соработка со други органи на државата, владата, парламентот има начини има идеи како во случај, да речеме на повторно не следење на сигналите би постапила во иднина. Не даваме никави рокови, мислам дека станува збор за одговорни субјекти кои треба да ги ревидираат своите тарифи. И мислам дека некои од нив, ако не и поголемиот дел тоа го работат во моментов – изјави Славески.

Како една од причините на Народната банка за барањето за намаливање на тарифите на банките е тоа што во Македонија тие оперираат со повосоки провизии од оние кои ги имаат нивните мајки банки, во земјите од Европската унија.

Поврзани вести