Skip to main content
На Скопскиот вински салон - Винодонија 2024

Ексклузивен мастер-клас со дегустација од архивата на винарија Камник на наградуваното вино „Мерло сингл вајнјард“

Скопскиот вински салон – Винодонија 2024 подготвува голема вертикална дегустација на „Мерло сингл вајнјард“ (Merlot Single Vineyard) на винаријата Камник.

Станува бор за ексклузивен мастер-клас со дегустација од архивата на реномираната македонска винарија на едно од нивните најнаградувани вина, „Мерло сингл вајнјард“.

Винарија Камник по кој знае кој пат несебично ја отвори својата ценета архива специјално за Винодонија и со задоволство ќе ги сподели своите врвни вински бисери за кои со воодушевување се зборува во светските вински кулоари. Преку споредбена дегустација на десет берби од истото вино всушност ќе патувате назад низ времето се до 2008 година и ќе дознаете за различните временските услови во тие години и како тие влијаеле врз квалитетот на грозјето за ова шампионско вино.

На крај се разбира ќе треба да се одлучите која берба најмногу ви се допаднала ако тоа воопшто е можно кога станува збор за „Мерло сингл вајнјард“ на винаријата „Шато Камник“.

Предавачи: Сандра Георгиевска (енолог) и Јане Неданоски (сомелиер)

14 декември 2024, 16:00 ч.

Хотел Мериот Скопје

Meeting Room D (прв кат)

Картите за работилницата се во ограничен број и истите може да ги купите на oвој ЛИНК

Поврзани вести