Skip to main content

Божиновска од Атина: Македонија со јасна визија за европска енергетска интеграција

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Атина, во пресрет на 20-годишнината од основањето на оваа регионална платформа.

На состанокот, министрите од регионот ја потврдија заедничката определба за целосна интеграција на електроенергетските пазари и транзиција кон почиста, побезбедна и поотпорна енергетска иднина.

„Македонија напредува – со назначувањето на МЕМО како Номиниран оператор (NEMO) во јуни 2025, новата регулатива и тесната соработка со ACER и ENTSO-E, веќе сме чекор поблиску кон европските стандарди,“ истакна Божиновска.

Таа информираше дека земјава активно работи на имплементација на европските екодирективи, вклучително и подобрени механизми за оцена на влијание врз животната средина, контрола на емисии и стратешко планирање. Целта е, како што рече, почиста животна средина и поздрави заедници.

Божиновска упати благодарност до Енергетската заедница и регионалните партнери, нагласувајќи дека регионалната соработка претставува стратешка нужност за енергетската иднина.

„Продолжуваме со јасна цел – енергетска ефикасност, силни интерконектори и економска сигурност,“ порача министерката.

Поврзани вести